Аморим минатиот месец го понижи Гвардиола, денеска двајцата имаат нов дуел!
Ранетиот Манчестер Сити на Пеп Гвардиола ќе се обиде да се опорави со победа над Манчестер јунајтед кој се надева на подобри денови под водство на Рубен Аморим.
Овие двајца тренери имаа меѓусебен дуел на 5. ноември во Лигата на шампионите. Аморим пред да пристигне во Јунајтед го предводеше Спортинг против Сити.
Тогаш во Лисабон, Аморим го понижи Пеп, Спортинг Лисабон го доби мечот со неверојатни 4-1.
Пеп Гвардиола очајно посакува победа денеска, не поради одмазда за поразот во Лисабон, туку за излез од големата криза во која западна Манчестер Сити.
Аморим можеби очекуваше полесен почеток на клупата на Манчестер јунајтед, но не му оди идеално, триумф во денешното дерби би вбризгал позитивна енергија за него, фудбалерите и навивачите на црвените ѓаволи.