Поранешен британски тенисер: Сакам да видам како Ѓоковиќ се мачи!

Бившиот тенисер Тим Хенман го коментираше потегот на Новак Ѓоковиќ да го ангажира неговиот поранешен ривал Енди Мареј како нов тренер.

Британецот го интересира како темпераментот на Ѓоковиќ ќе влијае врз Мареј и дали новиот тренер на Србинот ќе го издржи притисокот.

„Кој на кого ќе му вика? Многу ме интересира. Затоа сакам да видам како Ѓоковиќ се мачи, да има проблеми и да почне драмата во неговиот тим. Ќе биде забавно за гледање“, вели Британецот.

Ѓоковиќ ќе ја почне сезоната во Бризбејн, по што ќе продолжи на Австралијан опен.