Трпението заврши, Вулвс му врачи отказ на Гери Онил!

Вчерашниот пораз од Ипсвич на домашен терен ја прели чашата, па раководството на Вулверхемптон реши утринава да се раздели со тренерот Гери Онил.

По 16 одиграни кола Вулвс се наоѓа на претпоследното место во Премиерлигата, тимот има четири последователни порази и освоени само девет бодови.

Вулвс му врачи отказ на Гери Онил и во наредниот период ќе назначи нов тренер кој ќе има задача да го извади клубот од зоната за испаѓање.