Родри се опоравува побрзо од сите очекувања, ќе се врати оваа сезона!?

Англискиот весник „Сан“ тврди дека Родри се опоравува изненадувачки добро и би можел да се врати порано од сите предвидувања.

Родри ги скина лигаментите на коленото, а брзо потоа Манчестер Сити падна во тешка криза. 

Реалните прогнози беа дека Родри ќе се врати на лето и ќе биде подготвен за наредната сезона, но „Сан“ тврди дека тој ќе се врати порано.

„Што се однесува до опоравувањето, освојувачот на Златната топка е веќе неколку месеци пред очекуваниот рок и можно е да се врати во текот на оваа сезона“, пишува англискиот весник.