Адетокумбо разочаран од Лас Вегас: Немаме атмосфера како во Евролигата!

Кошаркарите на Милвоки бакс се пласираа во финале на НБА-купот, откако ја совладаа Атланта хокс со 110-102 во салата „Т-Моблајн Арена“, чија атмосфера не го импресионира Гркот Јанис Адетокумбо.

Најголемата ѕвезда на Милвоки кажа дека е разочаран од атмосферата во Лас Вегас, односно се потсети на Ф4-турнирот од минатата сезона во Евролигата, кога Панатинаикос стана европски шампион.

„Тоа беше мој прв Ф4-турнир во животот. Очигледно поразлична е атмосферата кога играат Олимпијакос, Панатинаикос, Фенербахче и Реал Мадрид. Би сакал да имаме таква атмосфера во НБА-лигата“, кажа грчкиот кошаркар.