ВАДА не попушта: Синер мора да биде суспендиран!

Допинг-скандалот во кој се најде Јаник Синер ќе добие епилог во февруари, откако Светската агенција за борба против допинг (ВАДА) поднесе жалба до Судот за спортска арбитража.

Директорот на ВАДА, Оливие Нигли испрати јасна порака дека нема да дозволи случајот да се заташка и бара суспензија за италијанскиот тенисер.

„Првичната одлука е дека Синер нема одговорност, но нашата позиција е поинаква. Ние сметаме дека постои одговорност затоа што играчот носи соработници во неговата околина“, вели директорот на ВАДА.