Реал Мадрид жестоко го нападна виновникот за тоа што не го победи Рајо!

Фудбалерите на Реал Мадрид одиграа драматично реми на гостувањето кај Рајо Валјекано (3-3) во натпревар полн со пресврти во кој домаќините брзо поведоа со 2-0, но кралскиот клуб успеа да израмни на 2-2 уште пред крајот на првото полувреме.

Мадриѓани во второто полувреме направија целосен пресврт и поведоа со 3-2, но борбениот Рајо Валјекано не се предаде и постигна гол за конечни 3-3, освојувајќи значаен бод против актуелниот шампион. „Кралевите“ по средбата преку својот официјален Твитер профил ги истакнаа контроверзните судиски одлуки како клучен фактор за нивниот неуспех да дојдат до победа.

 

 

Клубот посебно се осврна на една спорна ситуација, тврдејќи дека судијата пропуштил да досуди пенал за фаул врз Винисиус Жуниор. Според Реал Мадрид, ваквата одлука значително влијаела на исходот од натпреварот.