Бизарна сцена по натпреварот на Барса: Флик остана заклучен, вработените го бараа клучот (ВИДЕО)

Барселона оствари убедлива победа од 4-1 над Галатасарај во Истанбул, а по натпреварот во несекојдневна ситуација се најде тренерот Ханси Флик, кој од бизарна причина не можеше навреме да се појави на прес-конференцијата.

Имено, вработените на стадионот „Рамс Парк“ не можеа да го пронајдат клучот за да ја отклучат вратата од салата за прес-конференции. Поради тоа, германскиот стратег бил спречен да се појави пред новинарите, а ситуацијата набрзо прераснала во вистинска комедија.

Следувале бројни телефонски повици и обиди да се најде решение, за тренерот на Барселона конечно да може да влезе во салата и да одговара на прашањата по натпреварот. По кратко чекање, проблемот сепак бил решен, па Флик конечно пристигнал пред претставниците на медиумите.