Aлегри збеснал против Виљареал - првата ѕвезда на Наполи му откажала послушност!

Натпреварот меѓу Наполи и Виљареал во Лигата на шампионите според последните информации донел отворен конфликт меѓу тренерот Масимилијано Алегри и најголемата ѕвезда на тимот, Кевин Де Брујне.

Додека Шпанците доминираа на теренот, искусниот италијански стратег залудно го повикувал белгискиот играч од средниот ред, барајќи од него да се повлече поназад за да ја организира играта и да остави повеќе простор за поофанзивните улоги на соиграчите.

Де Брујне целосно ги игнорирал неговите инструкции, а со гестикулации јасно ставил до знаење дека сака да остане поблиску до противничкиот гол. Иако Алегри бил бесен покрај аут-линијата, по натпреварот пред камерите се обиде да ги смири страстите, изјавувајќи дека едноставно не се разбрале најдобро.

Сепак, сосема е јасно дека кризата сериозно ја тресе соблекувалната на тимот од југот на Италија. На удар на критиките се најдоа и останатите поискусни фудбалери, кои не ја покажуваат очекуваната одговорност на теренот.

Веднаш по враќањето во градот, екипата се упати директно во тренинг-центарот Кастел Волтурно, со цел да се анализира бледото издание. Наполи сега е пред ѕид, бидејќи победите на следните натпревари против Венеција и Бодо/Глимт се апсолутен императив за спас на сезоната.

Дека ситуацијата е навистина алармантна потврди и самиот Алегри со сериозно предупредување пред следното исклучително важно гостување.

„Ако итно не го промениме нашиот однос, ќе се вратиме од Венеција со наведнати глави“, гласи пораката на тренерот на Наполи.