Познато е кога ќе биде донесена конечната пресуда за Манчестер Сити

Првиот човек на Независното регулаторно фудбалско тело, Дејвид Коган, изјави дека одлуката по жалбата на Манчестер Сити би можела да биде донесена на почетокот на следната година.

Неодамна Независната комисија, по повеќе од четири години го прогласи Сити за виновен по 114 од вкупно 115 точки од обвинението за прекршување на правилата на Премиер лигата. „Граѓаните“ и понатаму тврдат дека не направиле ништо погрешно, а клубот поднесе и жалба на одлуката.

„Премиер лигата соопшти дека сака целиот случај да биде завршен во текот на оваа сезона. Секако, за тоа не може да одлучува самата лига, туку Независната комисија, составена од тројца пензионирани судии и адвокати.

Според прописите, процесот мора да биде завршен во рок од 12 недели, па сите претпоставуваат дека до средината на јануари би можело да се знае сè. Но, ова не е процес за кој одлучуваме ние, туку Независната комисија. Сметам дека не треба да претпоставуваме ништо додека не добиеме јасни информации. Сити тврди дека поседува одреден вид докази, па треба да видиме за што станува збор.

Не е наша работа да тврдиме што било додека процесот не заврши, но верувам дека сè ќе ни биде познато на почетокот на следната година“, изјави Дејвид Коган во програмата на „Тајмс радио“.