Марковиќ објави список од 21 ракометарка за подготовките за ЕП (ФОТО)

Предводникот на македонската женска ракометна репрезентација, Игор Марковиќ денеска го објави списокот на ракометарки за претстојната ЕХФ недела.

Марковиќ повика 21 ракометарка, а 13 од нив играат надвор од Македонија.

Овој собир за нашиот национален ќе биде подготовка пред настапот на Европското првенство кое се игра во Норвешка, Романија и Швајцарија во декември.