Не е само Мартинез бесен во Јунајтед, со порака се огласи и Дијало! (ФОТО)

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед не се ни обидоа да ја сокријат фрустрацијата по поразот од Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите.

„Ќе морам да се контролирам“, изјави Лисандро Мартинез по натпреварот. Сепак, не успеа да се контролира, па ја нападна управата на клубот, која, како што вели, не донела засилувања. Тој застана во одбрана на Мајкл Карик, но истакна и дека самите фудбалери морале да одиграат многу подобро.

Во центарот на вниманието се најде и Амад Дијало. Тој на својот профил на Снепчет објави фотографија со коментар:

„Еб*на срамота, немам зборови“.

Дијало влезе во игра во 65. минута, но не успеа да им помогне на соиграчите. Атлетико веќе водеше со 1-0, а потоа ситуацијата стануваше сè полоша. Јоро доби црвен картон, а Атлетико постигна уште еден гол.