ЖРК Чаир во Европскиот куп ќе игра против шампионот на Азербејџан
Чаирчанки по елиминацијата на Ѓорче Петров од Бањик Мост во Европската лига останаа единствениот наш претставник во европските купови во женска конкуренција сезонава.
Првиот натпревар против шампионот на Азербејџан македонскиот претставник ќе го игра на 7/8 ноември во Скопје, додека реваншот е закажан за на 14/15 ноември.