Meдведев му се реваншираше на Циципас и обезбеди четвртфинале во Шангај (ВИДЕО)

Рускиот тенисер Данил Медведев се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Шангај, откако го совлада Стефанос Циципас.

Медведев, кој е петти на светската ранг-листа, беше подобар по два сета за нешто помалку од час и половина игра со 6-4 и 7-5.

Русинот така му се реваншираше на Гркот за поразот во Доха претходно оваа година и ја зголеми предноста во меѓусебните дуели на 11-5. Циципас речиси во секој свој сервис-гем во првиот сет се соочуваше со брејк-топка, а попушти во третиот гем.

Продолжението од мечот беше помирно. Циципас се закани во десеттиот гем, кога стигна до игра на разлика, но тука застана. Данил му го одзеде сервисот без да загуби ниту еден поен во 11. гем, кога Циципас направи неколку сериозни грешки.

Противник на Медведев во четвртфиналето ќе биде подобриот од дуелот меѓу Томи Пол и Зизу Бергс. Досега се познати три четвртфинални двојки: Зверев – Де Минор, Геа – Давидович-Фокина и Ходар – Руд.