Три гола за полувреме во Минхен: Баерн секако е четвртфиналист, а Челси конечно им даде гол (ВИДЕО)

Германски Баерн Минхен уште пред мечот имаше огромни 3-0, па ревашот со Челси можеше да го игра и во прва брзина, ама германците очигледно толку им се намерачиле на лондончани, па за 25 минути ги дотепаа со голови на Роберт Левандовски и Иван Перишиќ, а до полувреме „сините“ успеаа да постигнат барем еден гол.

Дека Баерн оди во четвртфинале беше јасно уште по првиот меч, ама Баерн не би бил Баерн, ако не тргне со сите сили во напад и кога прашањето за вкупниот победник е познат. Роберт Левандовски со гол и асистенција за Иван Перишиќ е прво име, а Тоби Абрахам пред полувремето погоди за Челси, откако претходно ВАР му поништи гол од офсајд на Одсон-Хадои.