Анчелоти на епски начин го утешил Клоп после вечерашната победа во Неапол

Актуелниот европски шампион Ливерпул падна на колена во Неапол, кадешто загуби од Наполи со 0-2, но и покрај тоа Карло Анчелоти имал утешни зборови за Јирген Клоп.

Тренерот на Наполи му порачал на неговиот колега од Ливерпул дека не треба премногу да се грижи поради поразот.

„Зошто се насмеав кога се поздравивме? Затоа што му кажав ‘Не грижи се, ако загубиш во Наполи, тогаш сигурно ќе ја освоиш Лигата на шампиони’“, им одговори Анчелоти на новинарите.

Да потсетиме, Ливерпул и лани загуби во Неапол со 0-1, а на крајот ја освои европската круна.