Албански навивач долго бегаше од редарите во Дормунд, па заврши неславно – се лизна (ВИДЕО)

Селекцијата на Албанија загуби во синоќешната пресметка против Италија (1-2) на ЕП 2024 во Германија, во меч во кој во 23 секунда го постигна најбрзиот гол во историјата на континенталните собири, но во кој потоа немаше сили да го спречи пресвртот на далеку пореномираниот противник.

Нашиот западен сосед во Дортмунд играше како да е во Тирана, на трибините имаше речиси 50.000 албански навивачи, кои френетично навиваа, но кои на крајот немаа причина за радост.

Во финишот еден од нив влета на теренот и долго им бегаше на редарите, се додека самиот не се лизна и им дозволи да го фатат. Албанските репрезентативци се обидоа да го спасат, но не успеаја во тоа, па за него ЕП веќе е завршено, а сигурно ќе добие и висока парична казна.