Албанија по 20-тина секунди го шокираше Европскиот шампион! (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Албанија по само 20-тина секунди стигнува до предност против европскиот шампион Италија.

Италија влезе како фаворит во натпреварот, но Албанците мотивирани од големата поддршка која ја имаат од трибините ја искористија грешката на Ди Марко и ги шокираа „Аѕурите“ од првата прилика.Стрелец на голот беше фудбалерот по потекло од Тетово Недим Бајрами.