Акинфеев ја спаси ЦСКА во Белград: Звезда не можеше да го матира рускиот голман

Црвена Звезда и ЦСКА Москва одиграа реми без голови на „Маракана“ во првиот натпревар од шеснаестинафиналето во Лигата на Европа. 

Белграѓани имаа две убави шанси за гол преку Радоњиќ и Ле Талек, но Игор Акинфеев на голот на ЦСКА не дозволи радост на домашната екипа. 

Црвена Звезда го одигра првиот европски натпревар на пролет по цели 26 години и покажа дека може да му парира на рускиот гигант. На реваншот следната недела сигурно дека белградскиот тим има шанси за прогрес во следната фаза, односно во осминафиналето.