АЕК Ларнака и Тричковски со пресврт му пресудија на Партизан

Партизан тргна одлично на гостувањето во Кипар и имаше водство од 1-0, но сепак на крајот загуби од АЕК Ларнака со 1-2 во третото квалификациско коло за Лига Европа.

Гигантот од Белград постигна гол по само 18 минути игра преку Куинси Мениг, додека АЕК до израмнување стигна преку Ангел Гарсија во 34. минута (1-1).

Црно-белите играа добро и во второто полувреме, додека АЕК немаше шанса до 66. минута, но сепак потоа успеа преку Хрвоје Миличевиќ да направи пресврт (2-1).

Македонскиот напаѓач Иван Тричковски остана на теренот до 61. минута, кога беше заменет од Алтман.

Реваншот меѓу Партизан и АЕК Ларнака се игра на 11 август во главниот град на Србија.