Зијех: Го напуштам Ајакс, но претходно ќе ја завршам должноста!

Екипата на Челси денеска го потврди трансферот на Хаким Зијех, кој на крајот од тековната сезона треба да пристигне од редовите на Ајакс. Тимот од „Стемфорд Бриџ“ за овој трансфер ќе му плати на Ајакс 40 милиони евра.

Мароканецот го воодушеви фудбалскиот свет со прикажаните игри во дресот на холандскиот клуб, а воедно ги изненади сите со одлуката кога ја донесе минатото лето, да остане во тимот на Ајакс. Но, сега сфати дека е време да се направи канкретен чекор.

Драго ми е што сум во форма и што уживав во Ајакс изминативе неколку месеци. Добив многу убави пораки од вас и ви благодарам за тоа. Одлучива да направам чекор напред, но во Ајакс има се уште недовршена работа, истакна Зијех.

Овој 26-годишен офанзивен играч одигра 159 натпревари во дресот на Ајакс и успеа да постигне 48 гола и да забележи импресивни 82 асистенции. Сигурно е дека се очекува многу од него на „Стемфорд Бриџ“, а дали ќе успее да ги исполни своите очекувања останува да се види.