
„Жизел го одбила поради смрдеа, девојка му станала порно глумица, трансвестити го уценувале!?
Малкумина знаат пикантерии за него, а „Фудбал Пасион“ објави 11 работи кои го одбележаа неговиот контроверзен живот надвор од фудбалските терени. Ова се најинтересните работи за неговиот живот, за некои сте чуле, за некои не, но кога ќе се склопи целата слика – останувате шокирани. Роналдо е израснат во фалвелите во Рио Де Жанеиро, па очигледно славата од мал му удри во глава.
1. Го натерал претседателот да се облече како конобар
Жоан Гаспар, поранешниот претседател на Барселона морал да се облече како конобар за да влезе во апартманот каде што претстојувал Роналдо за да успее да го донесе на „Камп Ноу“. Гаспар морал да го погази своето достоинство само за да го донесе „феноменот“ во Барселона.
2. Стана покер-професионалец
Има неверојатна страст кон картите.
„Јас сè уште правам многу работи. Секогаш сум истиот лик. Сакам да уживам. Човек мора да има многу хобија. Играв фудбал, сега играм карти, утре ќе правам нешто друго“, вели Роналдо.
3. Објавил дека трансвестити го уценувале
Во 2007 си нарачал три проститутки, но испаднало дека се траснвестити. Кога сфатил што се случило, се соочил до уцена. Го уценувале да плати, за да не го објават скандалот. На крај сам тој јавно го обзнани скандалот
4. Можел да ја има Жизел, да не била смрдеата
Во 2000 година со својот татко Роналдо патувал за Италија, каде играше за Интер и во бизнис класата во авионот бил неговата сонародничка Жизел Бундшен, поранешна манекенка на Викторија Сикрет и една од најубавите жени на светот. Роналдо бил познат љубовџија и имаш шанса за афера со Жизел, ама неговиот татко ја уништил „шемата“. Таткото на Роналдо ги соблекол чевлите за да се испружи, а со неверојатната смрдеа ја избркал убавицата Жизел.
5. Имаше девојка и сопруга – фудбалерка
Милене Домингеш беше првата сопруга на Роналдо, играше за Рајо Валјекано. Роналдо и Роналдиња имаат син Роналд, но бракот им заврши „на нож“. Милене и Роналд останаа да живеат во Мадрид во ексклузивен дел од шпанската престолнина.
6. Болеста го направи дебел
„Многумина од вас кои ми се смееа на дебелината, се шегуваа коментираа, ќе им биде жал кога ќе ви кажам дека има хипотироидиза, проблем кој го забавува метаболизмот и го контролира. Јас морам да внесувам хормони за да се лекувам, а тие во фудбалот не се дозволени и се сметаат како допинг“, рече Роналдо на последниот ден од својата фудбалска кариера.
7.Поранешна девојка станала порно глумица
Вивиан Брнери, поранешен модел и во тоа време позната и таа како Роналдиња влезе во светот на порнографијата во 2008 година, откако се прослави со својата врска со некогаш најдобриот светски фудбалер и бивш играч на Реал Мадрид, кога го запознала.
8. Имал лажен брак
На Денот на вљубените во 2005 година, Роналдо и неговата љубов Даниела Чикарели организираа свадба за 250 гости во замок во близина на Париз. Прославата немаше легална основа, затоа што оваа двојка никогаш потоа не се разведе
9. Се повредил танцувајќи
На свадбата со Чикарели успеа да се повреди танцувајќи. Мораше да пропушти меч за Реал Мадрид поради тоа.
10. Учествуваше во реално шоу за да ослабе
Роналдо Назарио учествуваше во бразилско реално шоу на бразилската телевизија и кога влезе во истото имаше 118 килограми. Успеа да ја постигне целта и да ослабе 20 килограми за неколку недели. На крај се покажа како исплатливо учеството.
11. Имал инфаркт на СП 1998
Пред финалето на СП 1998 година во Париз, Франција и Бразил требаше да се борат за светската круна, а Роналдо имаше голем проблем. Првично медиумите објавија дека имал напад на епилепсија, но подоцна лекар на националниот тим признал дека имал голем срцев проблем, па поради тоа тој буквално беше невидлив на теренот, а Франција предводена од Зинедин Зидан стана светски шампион. Четири години подоцна, Роналдо стана светски првак, на СП во Јужна Кореја и Јапонија.