Ждрепка за клупско СП: Нејмар против Реал, Меси и Интер Мајами имаа среќа!

Денеска беше одржана ждрепката за новиот формат за Светското клупско првенство кое наредната година за првпат ќе се игра со 32 клуба.

Домаќин на првото издание во ваков формат ќе биде САД, а клубовите ќе играат во осум групи поделени по четири екипи и системот ќе биде ист како репрезентативниот Мундијал.

Ждрепката најавува интересни натпревари, но големо внимание привлекува и натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Ал Хилал, најмногу поради Бразилецот Нејмар кој ако биде спремен по подолго време повторно би се соочил со „кралевите“.

Интересно се очекува да биде и во групата „Г“ каде што се Манчестер сити и Јувентус, додека Интер Мајами на Лионел Меси доби група со Ал Ахли, Порто и Палмериас.

ГРУПА А: Палмеирас, Порто, Ал Ахли, Интер Мајами

ГРУПА Б: ПСЖ, Атлетико Мадрид, Ботофаго, Сиетл Соундерс

ГРУПА Ц: Баерн Минхен, Оукленд, Бока Јуниорс, Бенфика

ГРУПА Д: Фламенго, Eсперанса, Челси, Клуб Леон,

ГРУПА Е: Ривер Плата, Урава, Монтереј, Интер, 

ГРУПА Ф: Флуминенсе, Мамелоди Шадоус, Борусија Дортмунд, Усан 

ГРУПА Г: Манчестер сити, Видад, Ал Аин, Јувентус

ГРУПА Х: Реал Мадрид, Ал Хилал, Пачука Салзбург

Светското клупско првенство ќе се игра во текот на летото од 15 јуни до 13 јули.