„Зборнајата“ игра магично: Русија е пред пласман осминафиналето на СП (ВИДЕО)

Русија обезбеди втора победа на Светското првенство откако го совлада Египет со 3-1 и со шест бода е многу близу до пласман во осминафиналето. 

„Зборнајата“ како и против Саудиска Арабија, кога славеше со 5-0, така и вечерва во Санкт Петербург одигра одличен натпревар. Домаќинот на Мундијалот одигра пеколни 15 минути во второто полувреме кога ги постигна сите три гола.

Најпрво Русите имаа помош од капитенот на Египет, Ахмед Фати кој си постигна автогол. Потоа на сцена стапија Денис Черишев и Артем Ѕиба, кои постигнаа голови во рок од три минути го решија натпреварот и донесоа водство од 3-0 за домаќинот на Мундијалот.

Египет се што успеа да направи е да го ублажи поразот преку Мохамед Салах од пенал во 73-тата минута.

Русија сега има осум голови од два натпревари, два повеќе од двете последни учества на Светските првенства во 2002 и 2014 година. Домаќинот засега не е официјално во нокаут рундата и тоа само поради математиката, но реално е многу близу до такво нешто.