Забрането пушење на СП, ама кој може да му забрани на Марадона да ужива со пура (ФОТО)

На светското првенство во Русија, како и низа претходни Мундијали пушењето е забрането. Но, за аргентинскиот фудбалски бог Диего Марадона тоа не важи. Барем ФИФА не успеа да му забрани на легендарниот фудбалер да ги остави пурите, па Марадона во ложата на стадионот на Спартак Москва без проблем си пушеше гледаји ја својата селекција Аргентина во дуелот со Исланд кој заврши 1-1.