Не е во нивните планови: Познато каде Роналдо сигурно нема да се пресели
И покрај тоа што има голем договор кој му гарантира заработка од 200 милиони евра годишно, Роналдо станал фрустриран на Блискиот исток. Тој е разочаран од начинот на кој се распределуваат средствата меѓу клубовите под контрола на Саудискиот јавен инвестициски фонд.
Според најавите заминувањето на Роналдо би можело да се случи летото 2026 година. Според извештаите, неговиот договор содржи клаузула за откуп од 44 милиони фунти (околу 60 милиони долари), која може да се активира во следниот преоден рок.
И покрај зрелата возраст, многу клубови сè уште би биле заинтересирани да вложат во Роналдо, како поради спортски, така и поради маркетинг причини. Шпекулациите за негово заминување стануваат сè поинтензивни.
Се споменува враќање во матичниот Спортинг, додека пак навивачите ширум светот би сакале да го видат заедно со вечниот ривал Лионел Меси во редовите на Интер Мајами. Многу фанови на Манчестер Јунајтед исто така би го сакале повторно на Олд Трафорд и покрај драматичниот крај на неговиот последен престој во Англија во ноември 2022 година.
Сепак, „Скај Спорт“ тврди враќање Манчестер за Роналдо во овој момент е речиси невозможно и за него „вратата е затворена“ бидејќи клубот нема интерес да го довведе и фокусирани се на градење на иднината и засилување со фудбалери кои имаат долги години за игра пред себе.