Во Реал имало драма - Арбелоа натерал еден фудбалер да се извини пред сите!

„Исчезнувањето“ на Марко Асенсио од составот на Реал Мадрид конечно е разјаснето, а причината според последните информации на шпанските медиуми бил конфликт со тренерот Арбелоа. 

Сè започнало на 11 март, кога Асенсио бил исфрлен од првиот состав за дуелот со Манчестер сити. Тоа го налутило, па неколку дена го критикувал тренерот, сметајќи дека заслужува место во почетниот состав, особено затоа што три дена претходно се жртвувал за натпреварот против Селта Виго.

Реал патуваше во Виго со многу проблеми во одбраната, Милитао и Алаба беа повредени, а Хујсен суспендиран. Асенсио тогаш и покрај тоа што самиот беше повреден истрчал на теренот во пар со Антонио Рудигер. Сепак, кога Хујсен се врати за дуелот со Сити, Асенсио се пресели на клупата и тензијата помеѓу него и Арбелоа се зголемила. 

Поради тоа кога требало да почне против Елче на денот на натпреварот Асенсио, придружуван од лекар, се појавил во кабинетот на Арбелоа и кажал дека има лесни мускулни тегоби и не е подготвен за игра, тогаш Арбелоа се налутил.

Ситуацијата директно влијаела и на Антонио Рудигер, кој требало да одмара пред реваншот со Сити, но морал да игра против Елче поради отсуството на Милитао и Алаба, што го изнервирало, бидејќи го нарушило неговиот протокол за подготовка.

Така, „случајот Асенсио“ престанал да биде само конфликт меѓу тренер и играч, туку се прошири на целата соблекувална. Асенсио го пропушти натпреварот со Елче, не патуваше во Манчестер и не беше дел од составот за градското дерби, иако редовно тренираше. За тоа време Арбелоа од него барал да се извини пред целиот тим.

Тренерот е познат по строгоста кон недисциплинираноста и го гледал проблемот како колективен, а не како личен. Иако Асенсио се извинил на Арбелоа насамо, тренерот инсистирал тоа да го стори пред сите. Сè додека не се извини, немаше место во тимот. На почетокот Асенсио не сметаше дека треба да се извинува пред соиграчите, а кога Арбелоа прашал „Има ли некој што да каже нешто?“ тој само ја свртел главата.

Социјалните мрежи почнаа да шират гласини за неговото отсуство поврзувајќи го со ноќен живот и непрофесионализам. Свесен дека станува јавна тема, Асенсио одлучил да ги прекине шпекулациите.

По извинувањето пред соблекувалната за однесувањето по мечот со Сити и изненадното отсуство од натпреварот против Елче, Асенсио се врати на листата за мечевите против Мајорка и Баерн Минхен, иако не доби минутажа. Така била ставена е точка на целата оваа приказна.