Бо Мекејлеб не го заборава Вујошевиќ: Засекогаш ќе недостасуваш - ова навистина боли! (ФОТО)

Денеска сите ги шокираше веста за смртта на легендарниот Душко Вујошевиќ, сите кои го знаат се збогуваат со него, а меѓу нив е и поранешниот македонски репрезентативец, Бо Мекејлеб.

Вујошевиќ кој почина денеска на 67-годишна возраст во Белград, му беше тренер на Мекејлеб во Партизан.

Американецот со македонски пасош болно ја прими веста за смртта на Вујошевиќ.

„Почивај во мир легендо, засекогаш ќе недостасуваш!!! Ова навистина боли“, напиша Мекејлеб на социјалните мрежи.