Болт му се поклони на Ѓоковиќ: Тој е неверојатна атлета (ВИДЕО)

Многумина често прават споредби и анализи за тоа кои се најдобрите спортисти на сите времиња. Меѓу главните кандидати редовно се наоѓаат Новак Ѓоковиќ, кој важи за еден од најдобрите тенисери во историјата,и Јусеин Болт најбрзиот човек на планетата.

Ако се суди според мислењето на легендарниот Јамајканецот, предноста оди на страната на српскиот ас.

На прашањето на новинарите од „Еуроспорт“ што е потешко, 24 освоени грен слем титули на Новак Ѓоковиќ или неговиот светски рекорд на 100 метри од 9,58 секунди, Болт без многу дилеми предноста ја даде на Ѓоковиќ.

„Без никаква дилема 24 грен слема. Новак е феноменален атлета. Се имаме сретнато неколку пати и навистина е одлична личност“, изјави Болт, кој деновиве ужива во тениските возбудувања на турнирот во Монте Карло.

Во продолжение, тој одговори и на прашањето за актуелното ривалство во светот на тенисот, каде вниманието е насочено кон Јаник Синер и Карлос Алкараз.

„За мене тоа е Алкараз, бидејќи веќе го имам запознаено. Се сретнавме еднаш во Шпанија и дефинитивно мојот глас оди за него“, додаде Болт.

Фото: EPA