Измама тешка над пет милиони евра: Екс-фудбалер на Сити самиот се открил со достава на храна!
Според пишувањата на француските медиуми даночни власти се уверени дека Насри години наназад лажно тврдел дека живее во Дубаи за да избегне плаќање данок, додека всушност престојувал во Париз. Поради тоа, му е наложено да плати милионски износ.
Иако официјално бил пријавен како даночен резидент во Дубаи, каде даноците се значително пониски или не постојат, француските власти детално го истражиле неговиот начин на живот. Клучните докази што ги собрале се покажале како неоспорни.
Анализата на авионските билети открила дека поголемиот дел од времето Насри го поминувал во Франција, но пресуден доказ дошол од неочекувано место, апликација за достава. Во 2022 година, Насри на својата париска адреса нарачал достава дури 212 пати. Властите тешко можеле да поверуваат дека живее во Дубаи додека доставувачите секој втор ден му носеле оброци во Париз.
Поради резултатите од истрагата, Насри повеќе не се третира како даночен нерезидент, туку како полноправен жител на Франција, што носи значителни финансиски обврски. Вкупниот износ кој мора да го плати на државата достигнува дури 5,51 милиони евра.
Фот