Во која земја сега ќе се сели Гатузо?
Тогаш Гатузо рече дека ќе се исели од Италија доколку не изборат пласман на Светското првенство, а синоќа тоа се случи, Италијанците повторно нема да играат на Мундијал.
„Боли, навистина боли, но мора да го прифатиме тоа. Не сакам да зборувам за судиите или било што друго, можевме да постигнеме втор гол, не го направивме тоа, дадовме се од себе. Горд сум на момците, боли да се прифати овој исход. Ќе земам време. На лично ниво ова е голем удар за мене“, рече Гатузо по натпреварот.
Беше прашан што е следно за него по овој неуспех.
„Ќе видиме, но не мислам дека сега е време да зборуваме за мојата иднина или за иднината на било кој. Ова е фудбал, некогаш славиш, некогаш страдаш“.