Италијанците се радуваа кога ја добија БиХ, сега сите им се смеат! (ВИДЕО)

Италија пропушта трето Светско првенство по ред, Италијанците сега служат за потсмев на интернет особено поради тоа што се радуваа кога за противник ја добија Босна и Херцеговина.

Италијанците веќе го имаа добиено полуфиналниот бараж, па групно ги гледаа пеналите од мечот меѓу Велс и Босна и Херцеговина.

Кога видоа дека Босанците победија, италијанските фудбалери се радуваа како веќе да се пласирале на Светското првенство.

Таквото потценување им се удри од глава. Паметот не им доаѓа, не ја научија лекцијата од Македонија и затоа нема да играат и на овој Мундијал.

Последен пат Италија на Светско првенство играше во 2014 година, а следен пат можеби ќе биде во 2030 година.