Ирак го зема последниот билет, познати се сите учесници на Светското првенство!

Ирак со 2-1 ја победи Боливија и се пласираше на Мундијалот, претходно во ноќта славеше и ДР Конго над Јамајка со 1-0, па тие се последните селекции кои го комплетираа списокот на патници на Светското првенство кое се игра во САД, Канада и Мексико.

Ирак поведе со гол на Ал Хамади уште во 10. минута од натпреварот, но Боливија успеа да изедначи во 38. минута преку Паниагуа.

По осум минути игра во вториот дел Хусеин погоди за ново водство на Ирак, овојпат од 2-1, а тоа на крајот се покажа и како конечен резултат.

На мечот меѓу Конго и Јамајка немаше голови во регуларниот тек, па натпреварот отиде во продолженија.

Во 100. минута Туанзебе постигна гол за победа на Конго од 1-0.

Еве го изгледот на сите групи на Светското првенство.