Донарума направил срамен потег - не е чудо што уште нема настап на СП! (ВИДЕО)

Кариерата минува, а Џиџо Донарума уште не настапил на Светско првенство, како што тргнала работата нејасно е и дали некогаш ќе го почувствува Мундијалот.

Со неговото однесување и не го заслужува тоа. При пенал серијата направил гест каков што не ѝ доликува на ниту една спортска личност.

Донарума го искинал листот на босанскиот голман Никола Васиљ на кој тој си имал инструкции како да ги брани пеналите.

Листот не беше целосно искинат, парчињата беа големи, па голема штета не е направена, но сето ова многу зборува за карактерот на Донарума.

Моментот со листот може да ги водите на овој ЛИНК.

Дополнително, по натпреварот Донарума влезе во вербална расправија со босанските фудбалери, а малку фалеше и да избие тепачка.