БиХ се пласираше на СП и - веднаш дојде најлошата можна вест за нив!

Легендата на Босна и Херцеговина, Един Џеко се повреди во финишот од вчерашниот натпревар против Италија, тоа беше црна дамка во големаа, огромна победа на Босанците.

Џеко по вторпат во кариерата се пласира на Светско првенство, но овојпат е неизвесно дали ќе го игра. 

Медиумите од Босна и Херцеговина пишуваат дека Џеко има повреда на клучната коска која мора да биде санирана со операција.

Во наредните денови ќе има подетални инфомации за повредата и колку време ќе му биде потребно да ја санира. 

Босанците засега се во неизвесност, клупската сезона за Џеко е сигурно завршена, а ќе биде во трка со времето за настап на Светското првенство