Во Канзас е -15, Меси може да го одложи почетокот на сезоната

Интер Мајами утре вечер официјално ја почнува новата сезона со дуелот од КОНКАКАФ Лигата на шампионите против Канзас, на гостински терен.

Сепак, постои голема веројатно поради лошите временски услови, најдобриот фудбалер на сите времиња да не настапи на овој меч. Прогнозите за утре се дека во Канзас ќе биде -15 со чувство за -25 поради што Аргентинецот не сака да се најде на теренот.

Постои минимална шанса да се премисли, а медиуми од Мајами тврдат дека Интер ќе побара овој натпревар да се одложи.