Винисиус покажа дека е во страшна форма, но договор - нема! (ФОТО)

Винисиус Жуниор ја одбил последната понуда од Реал Мадрид за продолжување на соработката, неговите претставници ја сметале за неадекватна и бараа Бразилецот да има плата колку Мбапе.

Пишуваа шпанските медиуми дека има напредок во преговорите помеѓу двете страни, но сепак Винисиус не го добил тоа што го посакува, па ќе чека подобрена верзија.

„Агентите на Винисиус нагласуваат дека немало недоразбирање и дека не разбираат како претходниот договор бил земен „здраво за готово“. Договорена беше плата од 20 милиони евра плус дополнителни трошоци, што е блиску до она што сега го заработува, па така би било апсурдно да го обновува договорот“, истакна новинарот Тоно Гарсија.

Меѓутоа многумина не веруваат дека Винисиус е во позиција да преговара бидејќи Реал Мадрид не е најзадоволен од неговото однесување на теренот.

Во меѓувреме Бразилецот се подготвува за новата сезона и покажа дека физички изгледа одлично.