
Винисиус под истрага на ФИФА: За Бразилецот се бара суспензија од две години!
Бразилската компанија Тиберис Холдисинг до Бразил укажала на тоа дека Винисиус има сопственички удел во неколку клубови, што би можело да му создаде сериозни проблеми. Жалба е поднесена до Етичкиот комитет на ФИФА, заедно со барање за двогодишна суспензија на бразилскиот ас и ФИФА ќе го разгледа случајот.
Проблемот на Винисијус произлегува од поврзаноста со компанијата што ја водат неговиот татко и агентот Тасило Соарес. Компанијата има удел во неколку клубови, меѓу кои и бразилскиот клуб Атлетик Билбао де Сао Жоао дел Реј. Компанијата Тиберис, која имала 16,5 проценти во клубот, тврди дека ѝ било одземено правото на прва понуда и дека клубот бил пренесен на компанија поврзана со Винисисус.
Тиберис се повикува на член 20 од правилникот на ФИФА и член 22 од Правилата на спортска правда на Шпанскиот фудбалски сојуз, кои наведуваат дека активни фудбалери не можат да бидат сопственици на фудбалски клубови, ниту директно ниту индиректно, дури и ако постои само ризик од конфликт на интереси.
Винисиус е на ист начин поврзан и со клубот Алерко, кој се натпреварува во португалската втора лига.
Фото: Real Madrid C.F/FB