Млад фудбалер од Јужна Африка починал на загревање – имал само 22 години!

Фудбалерот на јужноафриканскиот второлигаш Дурбан Сити, Синамандла Зонди (22 години), ненадејно почина, откако му се слошило за време на загревањето пред натпреварот против Милфорд.

Натпреварот и покрај тоа почнал, но бил прекинат на полувремето, кога клубот ја добил потврдата за неговата смрт. Младиот дефанзивец немал претходни здравствени проблеми и го одработил вообичаеното загревање со тимот. Во еден момент се срушил на тревникот, по што веднаш бил пренесен во болница. Причината за смртта сè уште не е позната.

Зонди важеше за еден од клучните фудбалери на Дурбан Сити, клуб кој е лидер во втората лига на Јужна Африка и сериозен кандидат за промоција во елитната лига. Во текот на оваа сезона, тој настапи на 25 натпревари и постигна два гола.