Венгер се враќа во Јапонија – ќе биде тренер на тројца светски шампиони

Легендарниот француски тренер Арсен Венгер има понуда да се врати во Јапонија и да ја продолжи својата тренерска кариера, откако тој најави дека од лето му се враќа на фудбалот, ама не е сигурен дали ќе биде повторно тренер.

Венгер има понуда да биде кормилар на Висел Кобе, клубот во кој играат тројца светски шампиони – Андрес Иниеста и Давид Вилја (Шпанија) и Лукас Подолски (Германија). Венгер цела сезона немаше работа, откако ланското лето се повлече од Арсенал, па сега очекува повторно да му се врати на фудбалот.

Французинот веќе еднаш работеше во Јапонија и тоа во Нагоја, во 1995 и 1996 година, пред да се пресели во Лондон и повеќе од две децении да го води лондонскиот премиерлигашки гигант. Сега од Висел Кобе, Венгер добил понуда од четири милиони евра годишно за да го преземе клубот.

„Јас ќе се вратaм на фудбалот, дали ќе бидам тренер или нешто друго не знам. Ама, ја имам истата волја и истата желба да работам со иста мотивација како и претходно“, вели Венгер.