Уникатен гол во Бразил: Фудбалер погоди по „двојни ножички“

Головите со „ножички“ не се честа појави и секогаш привлекуваат внимание кога ќе се постигнат, а сега еден уникатен погодок ни пристигнува од Бразил.

Имено, во натпреварот од плеј-офот за промоција во втората лига се сретнаа Атлетик Клуб и Волта Редондо и оваа средба заврши со победа на гостите од 0-2. Но, не е резултат тоа поради кое се најде во центарот на вниманието.

Причина е вториот гол на гостинскиот состав кој го постигна Бруно Сантос. Фудбалерот на Волта Редондо погоди со „ножички“, меѓутоа посебно во оваа ситуација е и што асистенцијата до него од неговиот соиграч беше исто така со „ножички“.

Со победата тимот на Волта Редондо обезбеди промоција во Серија Б, додека Атлетик и наредната сезона ќе биде дел од третиот ранг.