Тренерот на Ривер беше херој на вечерта: Гаљардо ги одушеви дури и навивачите на Бока!

Реванш-мечот од финалето на Копа Либертадорес помеѓу Ривер Плејт и Боја јуниорс ќе се одигра вечерва, 24 часа по предвидениот термин поради огромниот инцидент во кој беше нападнат автобусот на гостинскиот тим, по што можеби најголем јунак беше стратегот на домаќинот кој не прифати да игра против десеткуваниот ривал.

Без разлика на сѐ што се случуваше, имаше огромен притисок овој меч да се одигра уште синоќа, но такво нешто не прифатија ниту фудбалерите на Ривер, а пред сѐ нивниот тренер Марсело Гаљардо. Тој порачал дека ниту неговиот тим нема да се појави на теренот ако Бока не може да настапи со најдобриот во моментов состав поради последиците од нападот врз нивниот автобус.

Овој потег ја одушеви аргентинската јавност, особено по информацијата дека Гаљардо отишол во соблекувалната на Бока и им се извинил на сите за страшниот инцидент.