Тренерот на Гремио потврди: Суарез си оди!

Еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња Луис Суарез дефинитивно ќе го напушти Гремио на крајот од оваа сезона.

Такво нешто беше најавено уште одамна, но сето тоа сега го потврди и тренерот на тимот Ренато Гаучо.

„Тоа е тажно за сите, Суарез многу ни помогна, а навивачите многу го засакаа. Поенкогаш сакав да го одморам на тренинзите или натпреварите, но тој е голем професионален и инсистираше да продолжи со исто темпо. Секако дека многу ќе ни недостасува, ќе биде многу тешко да му најдеме соодветна замена“, изјави Ренато.

Многу веројатно, следна станица во кариерата на Суарез ќе биде Интер Мајами каде повторно ќе заигра со своите соиграчи од Барселона: Лионел Меси, Жорди Алба и Серхио Бускетс.