
Тренчовски заврши во Кувајт, зад него остануваат две супер сезони со Ал Араби
Тренчовски пред две години замина во Ал Араби и сега му заврши договорот со кувајтскиот клуб, па им се заблагодари на сите во клубот од раководството за приемот, до соработниците, фудбалерите и навивачите за прекрасните две години кои ги мина таму.
„Љубов кон фудбалот, тоа е тоа, најголемата разлика е љубовта. Без неа, ентузијазмот и енергијата ќе опаднат, а ако тоа се случи – време е за заминување. Мисијата на тренерот се резултати, развој, едукација. Тренерот е да едуцира и да бара одговори на прашањата: дали јас ги направив фудбалерите подобри или тие ме направија мене подобар? Одговорот е позитивен и може да бидете горди на вашата работа. Мојот договор со Ал Араби истече и од дното на срцето благодарам за сета љубезност и топлина која ја споделивте, благодарение на секој во клубот кој е едно големо семејство. Благодарност до соработниците, посебно до моите херои фудбалерите кои се најдобри и до неверојатните навивачи за сета поддршка. Благодарам за Кувајт и за сите граѓани за прекрасните две години кои засекогаш ќе останат во моето срце. Сега е време за нови предизвици“, објави Тренчовски.