Тотнем во сенка на Јунајтед: „Петлите“ играат една од најлошите сезони во историјата

Meнаџерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим по поразот од Брајтон ијзави дека овој тим на „црвените ѓаволи“ е можеби најлошиот во клупската историја, но не е игра само Манчестер јунајтед далеку под своето ниво сезонава.

Во сенка на катастрофалните резултати на гигантото од „Олд Трафорд“ остана Тотнем кој исто така игра во очајна форма.

Викендов „петлите“ беа поразени од Евертон со 3-2 и тие се на 15. позиција на табелата со 24 бода, јунајтед е две места погоре со 26.

Според предвидувањата шансите Тотнем да заврши под десеттото место на табелата се дури 70%. Спарси минатата сезона беа петти, а последен пат надвор од топ 10 беа пред 16 години.

На последните девет натпревари во Премиер лигата доживеаа дури седум порази.