Тоти доби нова улога, ќе работи во Рим, но за - кошарката!

Легендата на Рома, Франческо Тоти според последните информации од италијанските медиуми донел одлука да влезе во светот на кошарката.

Наводно, Тоти ќе има улога на сопствениците во новиот кошаркарски проект во главниот град на Италија. Исто така тој ќе има легенда и за развојот на базата на навивачи.

Иако, Тоти целата кариера ја помина во фудбалот, сепак јасно е дека „Принцот на Рим“ е вистински симбол за лојалност и миленик на навивачите, па од таа причина сопствениците сметаат дека може многу да помогне.