Толку беше: Гаљардо и Ривер се разделија!
Ривер оваа сезона игра во лоша форма, на последните три натпревари има исто толку порази, тимот е на десетото место со негативна гол разлика.
Гаљардо и Ривер постигнаа договор за разделба, која и официјално е потврдена, тренерот се збогува со фановите.
Ова беше негов втор тренерски мандат на клупата на Ривер, првиот пат го водеше од 2014 до 2022 кога замина во Ал Итихад, но од таму се врати по две години и во 2024 повторно го презема кормилото на аргентинскиот клуб каде остана до сега.
Ривер под негово водството двапати го освои Копа Либертадорес, а еднаш играше во финалето, еднаш беше шампион на Аргентина, трипати го освојуваше купот, двапати суперкупот...
Гаљардо во минатото се поврзуваше со доаѓање во Европа, останува да се види дали токму тоа ќе биде неговиот следен чекор.