Во Црвена звезда веруваат: Костов ќе биде рекорден трансфер во српскиот фудбал!

Спортскиот директор на Црвена звезда, Митар Мркела смета дека Василије Костов ќе биде рекорден трансфер во фудбалот во Србија, тој има огромни пофалби за тинејџерот кој игра во голема форма.

Несудениот македонски репрезентативец, Василије Костов нема ни 18 години, а веќе се промовира во многу важен играч на Црвена звезда. Во дербито против Партизан даде гол, а имаше и асистенција.

„Костов игра најдобар фудбал од играчите на негова возраст, не знам во последните колку години, можеби од Дејан Станковиќ. Тој како 17-годишник реши многу важни натпревари. Точно е дека е бонус играч, но по квалитетот тоа не се чувствува, како и да е во мометов е во фаза на развој“, вели Мркела.

„Постигна девет првенствени голови, седум асистенции, како играч од средниот ред учетвува многу и во фазата на одбрана и во фазата на напад. Неговите бројки се фантастични и верувам дека тој ќе биде нов рекорден трансфер во нашиот фудбал“.