Јунајтед веднаш им се врати на победите, Шешко му пресуди на Евертон! (ВИДЕО)

Момците на Мајкл Карик не дозволија ремито со Вест Хем да им влијае негативно, денеска тие во меч од Премиер лигата го победија Евертон на негов терен со 1-0.

Откако Карик го презеде кормилото, врза четири победи по ред, по што следуваше реми со Вест Хем. Некои мислеа дека ова е наговестување на крајот на медениот месец за новиот тренер, но црвените ѓаволи веднаш им се вратија на победите.

Манчестер Јунајтед денеска беше подобар тим од Евертон и успеа да дојде до трите бодови.

Но, Евертон долго време го држеше почетниот резултат. Карик во 58. минута во игра го стави Бенјамин Шешко, а Словенецот во 71. минута постигна гол по асистенција од Мбуемо за водство од 1-0. Што на крајот беше и конечен резултат.