Фиорентина конечно излезе од зоната за испаѓање! (ВИДЕО)

Фиорентина ја победи Пиза со 1-0 и по долго време е над екипите што испаѓаат од Серија А.

Виолетовите од Фиренца ја поправија формата, во последните три кола освоија седум бодови, а тоа ги лансираше некоја позиција погоре.

Со денешниот триумф над Пиза, тие се качија на 16 место во Серија А, имаат исто бодови како Кремонезе и Лече, но подобра гол разлика.

Единствениот гол на денешниот натпревар беше во 13. минута кога Моизе Кин погоди за водство на Фиорентина од 1-0, што на крајот се покажа и како конечен резултат.